Одбележување на меѓународниот ден на туристички водичи

НУ Археолошкиот Mузеј на Македонија и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија,  „Меѓународен ден на туристичките водичи – 21 Февруари“ оваа година заедно го одбележаа преку организиран настан од едукативен, промотивен и информативен карактер.

Со почеток во 11 часот, во просториите на Археолошки музеј свечено беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу НУ Археолошки Mузеј на Македонија и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, со цел промовирање на културното наследство и зголемена организирана посета на музејот од домашни и странски туристи.

Меморандумот го потпишаа Директорката на НУ Археолошки Музеј на Македонија Г-ѓа Весела Честоева и Г-ѓа Татјана Перовиќ Митрова од Стопанската Комора за Туризам на Македонија, а во името на Г-дин Бранко Босилков – Претседател на Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија.

Педесет туристички водичи- членови на здружението ја проследија програмата која што вклучуваше и промотивна бесплатна тура низ музејската поставка со едукативна презентација од музејските водичи.