Одбележувањето на Часот на планетата Земја

НУ Археолошки музеј  во саботата на 19 март ги исклучи светлата и се приклучи на светскиот настан – Часот на планетата Земја.

Глобалната организација на оваа светска акција чие мото годинава беше „Заблескај светлина на климатските промени“, објави специјално видео во кое е објавен инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје, каква што само добија и Шпанија, Франција, Сингапур, Велика Британија, но и Македонија.

Часот на планетата Земја во Македонија се реализира со поддршка на Градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, УНДП Македонија и ЕВН.