Одбележани два јубилеја во Тумба , Маџари

На 8-мата културна манифестација „Големата Мајка“, одржана на 12.05.2018, се одбележаа два големи јубилиеја, 40 години од првите археолошки ископувања на археолошкиот локалитет Тумба, Маџари, Скопје и 10 години од основањето на Неолитското село. Манифестацијата традиционално се одржа во Неолитското село како составен дел на археолошкиот локалитет Тумба, Маџари. Организатори на манифестацијата се општина Гази Баба и НУ Археолошки музеј на Македонија. Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба, г-динот Борис Георгиевски.