Модна ревија во музејот – 21.12.2015

Се одржа настанот – модна ревија и тоа за прв пат во просториите на НУ Археолошки музеј на Македонија, каде што успеавме да организираме услови и атмосфера, како и почитувана публика за проектот „Современата мода инспирирана од модните трендови на 50, 60, 70-тите години на XX век “ (колекција „Celebrity bird“- „Славна птица“). Изработен од  НУ Музеј – Куманово, финансиран од Министерство за култура на Р. Македонија,  претставува продожеток на проектот „Модните трендови и културата на живеење од Ala – franga до современата мода“ кој годинава во Јуни на X Фестивал на Музите во Созопол ја доби првата награда, како и специјалната награда за проект. Автор на проектот е виш кустос м-р Анита Ѓорѓиеска од НУ Музеј – Куманово, а соработници на проектот се дизајнерите м-р Александар Рашковиќ и м-р Филип Митевски.