Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет – УКИМ „Св.Кирил и Методиј“

Филозофскиот факултет-Скопје, НУ Археолошки музеј на Македонија, НУ Музејот на Македонија, Музеј на Град Скопје и Земаљски музеј на Босна и Херцеговина од Сараево, на 26.10.2016 година , потпишаа Меморандум за соработка.

Во просториите на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, меморандумот за соработка го потпишаа пет Институции: Филозофски факултет претставуван од деканот проф. д-р Горан Ајдински, НУ Археолошки Музеј на Македонија – Скопје, претставуван од директорот Весела Честоева, НУ Музеј на Македонија – Скопје, претставуван од директорот д-р Мирјана Нинчовска, Музеј на град Скопје, претставуван од В.Д. директорот Томислав Микулчиќ, како и Земаљски Музеј на Босна и Херцеговина – Сараево, претставуван од заменик директорот м-р Марица Филиповиќ.

– Меморандумот е потпишан за да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу наведените институции, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и полза за сите страни од областа на археологијата, историја на уметности за научно-истражувачка дејност, изложбени активности, издаваштвото, набавка на публикации, соработка при организација на настани и практична настава за студентите на Филозофскиот факултет – соопштија од  факултетот.

Иницијатор за потпишување на меморандумот е вршителот на должност во Амбасадата на РМ во Сараево, Александар Крстевски и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ.