ИЗЛОЖБА НА НАКИТОТ ВО ЊУЈОРК 13-31 ОКТОМВРИ 2016

На 13 Октомври,  во престижната Gallery MC во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД , свечено беше отворена изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“ на НУ Археолошки Музеј на Македонија.

На настанот присуствуваа високи претставници од Амбасадата на Репубилка Македонија при ОН –  Амбасадорот  Г-дин Василе Андоноски, генералниот  конзул за Њујорк,  Г-дин Горан Трајков, претставници од мисијата на Р. Македонија во ОН,   бројни познати уметници од Америка, претставници од дијаспората, како и голем број на љубители на уметноста од Њујорк.

Настанот го отворија директорката на Археолошки Музеј на Македонија Г-ѓа Весела Честоева и директорот на Gallery MC G – Г-дин Горазд Поповски.

На изложбата беше презентиран богат ексклузивен накит   од богатото културно наследство на  Република Македонија  и теракотни фигурини , надополнето со мултимедијални содржини со  кои публиката имаше можност да види и да ја запознае вековната традиција на македонскиот накит , од кој можеше да се види креативноста  на старите мајстори и тогашното богатство на секој историски период одделно.

Присутните, од кои некои за првпат,  имаа можност да се запознаат со македонската историја и традиција и за прв пат да  видат накит стар илјадници години , кој е дел од големите археолошки истражувања во Р. Македонија во последните 70 години и кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет на македонскиот народ.

Присутните имаа уникатна можност и лично да испробаат копии од неколку видови на антички златен  накит и со истиот да се фотографираат од што посебно беа воодушевени.

Изложбата завршува на 31.10.2016 година.