Започнува учеството (на музејот) во владиниот проект „Археолошки катастар на Р. Македонија“

РЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ПАЈОНСКИ ГРАД БИЛАЗОРА
Стручниот тим на Археолошкиот музеј на Македонија (директор Весела Честоева) предводен од м-р Владимир Атанасов во рамките на редовните теренски активности изврши рекогносцирање на дел од земјениот насип исфрлен од неколку сектори во текот на 2010 и 2011 година. Откриени се монети и дел од сребрена белегзија. Сребрен хемиобол на пајонското племе Дерони, сребрена тетрадрахма на пајонскиот крал Авдолеон и бронзена монета на македонскиот крал Филип V.
Во исто време  започнуваат и подготвителните активности на капиталниот проект на Владата на Република Македонија Билазора 2015 година под раководство на професор д-р Драги Митревски, преку Народниот музеј на Свети Николе (директор Александар Арсов).