Враќање на златото од Германија во Археолошкиот музеј

Златната маска и другите антиквитети стари повеќе од два милениума, кои беа изложени во Германија, се враќаат дома и ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј на Македонија. Вкупно 62 предмета пронајдени на некрополите Горна Порта во Охрид и кај Тремник, Неготинско, ќе се удомат во новиот Музеј. Освен златната маска и ракавица, првпат пред македонската јавност ќе бидат изложени и златни ѓердани со висулци, приврзоци, медалјон со ликот на богот Посејдон, многу мониста, фибули, монети со ликовите на Александар Велики и на неговиот татко Филип Втори од 4 век пр.н.е. Според Честоева, околу 5.000 луѓе ја виделе изложбата во Манхинг.  На изложбата беа поставени вкупно 62 археолошки предмета, кои потекнуваат од архајскиот период и од македонско-хеленистичкиот период. Во германски магазин беше објавен и текст во кој пишува:

„Изложбата беше договорена уште пред неколку години по иницијатива на археологот Паско Kузман и неговиот колега од Словенија, Митја Гуштин, во соработка со претставници од германскиот музеј. Ја организираа Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со музеите од Охрид и од Неготино, Приморскиот универзитет од Словенија со Лошињскиот музеј од Хрватска, а ја финансираше Европската Унија, преку Kомисијата за образование, аудиовизуелност и култура. “