Изложба на античките мозаици од Равена

Изложбата, која е во организација на италијанската амбасада, свечено беше отворена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели.
Пред македонската јавност , а во просториите на археолошкиот музеј беа изложени 25 избрани мозаици од вкупната колекција од 60 мозаици, кои се светско културно наследство и се заштитени од УНЕСКО. Колекцијата е изработена во почетокот на 50-тите години од 20 век, а делата се идентични копии на оригиналите кои и денес се неразделив дел од монументалните градби во Равена. Изведбата на копиите била под кураторство на група мозаичари од Академијата за ликовни уметности, кои го чувале древниот рачен занает. Во последните педесет години различни селекции на овие дела, кои се сопственост на градот Равена, се изложувани во повеќе градови во Европа и во светот. Македонската јавност за прв пат имаше можност да ги види најзначајните дела од оваа колекција кои конечно пристигнаа во родната земја на императорот Јустинијан, кој бил и инспирирачка фигура за нивното создавање. Изложбата ќе биде поставена во периодот од 25.10.2014 до 08.01.2015.