Одделение за античка археологија

Одделот за античка археологија собира, обработува, стручно и научно проучува и презентира музејски предмети кои потекнуваат од античкиот период во Република Македонија – од почетокот на класичниот период (втора половина на V век п.н.е.) до крајот на антиката (VI век). Античкиот период во Македонија е клучен во формирањето на главните компоненти на цивилизациската и културната матрица на населението во поширокиот медитерански простор, во времето и по освојувањата на Александар III Македонски станувајќи најмоќниот фактор за градењето на историјата на целиот тогашен свет. Во периодот кој следел потоа, Македонија е крстопатот меѓу источната и западната половина на Римското Царство, темелник на разликите и сличностите на уште една светска империја, кој низ ранохристијанскиот период ја задржал моќта и така влегол во бурните случувања на средновековието. Сите овие дострели од историјата како колективно паметење се отсликани во археолошките предмети со кои се занимава Одделот за античка археологија во НУ Археолошки музеј на Македонија.