Османлиски период

Од крајот на 14 век и се до Балканските војни во 1912 година, територијата на Р.Македонија е под Турско Османлиска Власт.По доаѓањето на овие простори, Турците Османлии го наметнуваат својот систем на управа, а Исламот станува доминатна, водечка религија .Сето ова ќе изврши влијание во секојденвниот живот на луѓето, обичаите, културата, што ќе се одрази во архитектурта, уметноста итн. Паралелно со исламската, егзистира и христијaнската култура, иако со помал интензитет и која полека го губи сјајот на средновековната уметност, но сепак опстојува со висок квалитет.Османлиската збирка во Археолошкиот Музеј на Македонија е во процес на формирање и поседува скромен фонд на предмети. Збирката главно се состои од керамички садови, меѓу кои се истакнува  групата на глазирани, пред се садовите со зелена боја, датирани   во 16-17 в.  Кале – Скопје, Кратово и сребрен накит од 16-19 век.
 
Марјан Јагликовски, кустос за османлиски период
moco@amm.org.mk