Бронзено време

Бронзенодопската култура на нашата територија се формирала во периодот на последните бранови на големите индоевропски преселби. На почетокот таа е свртена кон балканскиот север и припаѓа на централнобалканскиот комплекс на раното бронзено време, кој зафаќа еден поширок простор на Балканскиот полуостров. Археолошките истражувања на бронзеното време, на нашата територија, се сеуште на своите почетоци, иаку одредени резултати се добиени за регионот на Пелагонија и долината на р.Вардар, кои воедно претставуваат најдобро истажени региони.

Значајна промена се забележува во доцното бронзено време, кога се забележуваат силни егејски влијанија кои во голема мера ќе го променат карактерот на бронзеното време и своите главни културни манифестации ќе се формираат под силни влијанија на микенскиот свет. Сето ова се потврдува со повеќегодишните системски истражувања на лок.”Димов Гроб” кај с.Уланци – Градско.

Збирката на Бронзеното време во Археолошкиот музеј на Македонија претставува единствена целина преку која на едно место може да се согледаат резултатите од досегашните истражувања на бронзеното време во Република Македонија. Таа е составена од предмети кои говорат за секојдневните активности на населението, но и за начинот на погребувањето и погребните обичаи карактеристични за бронзеното време во Република Македонија. Пркеу нив  се добива слика за хронолошкото, територијалното и културно поврзување на нашата територија со поширокиот простор на Балканскиот полуостров и југоисточна Европа.

Збирката Бронзено време е составена од предмети добиени од археолошките истражувања од повеќе локалитети:

“Варници”, Демир Капија;

“Тумба”, с.Кравари, Битола;

“Враништа”, Струга;

“Каптажа”, с.Рашче,Скопје;  Свети Николе;

“Прибовце”, с.Лопате, Куманово;

“Тумба”,  с.Канино, Битола;

лок.”Бакарно Гумно”, с.Чепигово, Прилеп;

лок.”Тумба”, .Радобор, Битола;

лок.”Св.Недела” с.Асамати,

лок.”Димон”, с.Уланци, Градско;

“Столот”, с.Уланци, Градско;

Во рамките на оваа збирка, значајно место имаат предметите од некрополата “Димов Гроб”, кои што ја појаснуваат сликата за доцното бронзено време во Македонија. Преку анализата на погребувањата и погребните форми, обичаите и погребните дарови е направена културна и хронолошка определба на доцното брозено време. Воедно истражувањата на локалитетот  “Димов Гроб”ни овозможија издвојување на нова културна група на доцното бронзено време по долината на р.Вардар, која по епонимниот локалитет е наречена – Уланци. Оаа културна група ги потенцира и дифинира врските на нашата територија со развиениот егејски југ, а посебно со микенската цивилизација.
 
м-р Златко Видески, археолог, виш кустос за бронзеното време